Профил на компанијата

ПЛАМ-2 ДООЕЛ Струмица, формирана во 1996 година, е компанија која тргува со опасни материи - гасови, хемикалии, прекурсори (соединенија кои учествуваат во хемиски реакции со кои се произведуваат други соединенија) за хемиската, металната и прехранбената индустрија, како и за системите за водоснабдување.
Во Плам-2 и ТрансПлам имаме сертифицирани и квалификувани вработени кои имаат искуство во ракување, складирање и транспорт на опасни материи. Нашата мисија е да ве ослободиме од компликациите и комплексноста на транспортот на опасни материи.
Опасните материи може да вклучуваат каква било материја што е штетна за луѓето, животните, животната средина или имотот. Овие производи вклучуваат супстанции што се запаливи, радиоактивни, био-опасни, корозивни, експлозивни или токсични. Без разлика дали во цврста, течна или гасна форма овие опасни стоки може да биде кошмар за транспорт. Дозволете ни да се справиме со транспортот со опасни материи. Имаме долгогодишно искуство во планирање на логистика, пакување опасни материи, организирање на потребната документација и посветување посебно внимание на опасните материи. Сите овие процеси се во согласност со регулативата за транспорт на опасни материи.

Визија

Да бидеме водечки, специјализиран трговец и транспортер, и прв избор за клиентите кои бараат транспорт на опасни материи – гасови, хемикалии и прекурсори на локално, регионално или меѓународно ниво

фОКУС

Целиот наш фокус е кон тоа да бидеме првиот избор за набавка и транспорт на опасни материи – гасови, хемикалии и прекурсори на нашите клиенти, следејќи ги безбедносните протоколи и законските обврски, по најдобра достапна цена, без одлагање и во оптимална состојба.

мисија

Плам-2 и ТрансПлам се посветени да понудат високоспецијализирани, технолошки напредни логистички решенија во синџирот на снабдување.

ПОСВЕТЕНИ СМЕ ДА

  • Обезбедеме иновативни и ефективни логистички решенија кои ги исполнуваат специјализираните потреби на клиентот

  • Бидеме во чекор со технологијата за постојано подобрување на нашата услуга

  • Испорачуваме услуги со висока вредност на нашите клиенти, фокусирајќи се на сигурност, ефикасност и непоколебливна посветеност на квалитетот

 

  • Дејствувајме со интегритет и почит во односите со нашите клиенти, колеги и даватели на услуги

  • Постојано ги обучуваме нашите вработени и создаваме опкружување во кое вработените се мотивирани и се гордеат со работењето на компанијата