Домашен и меѓународен транспорт и логистика
Компанијата поседува возен парк од 4 тракторски единици и 7 полуприколки. Во 2001 година компанијата инвестираше во изработката на првиот безводен резервоар за амонијак во регионот, направен по нарачка. Резервоарот од таков тип е единствен во балканскиот регион и е земен како пример при презентирање на АДР стандардите од страна на Машинскиот факултет и Институтот за издавање сертификати за АДР. Оттогаш, возниот парк се зголемува, и денес брои 4 тракторски единици и 7 полуприколки, погодни за транспорт на опасни материи – гасови, хемикалии, прекурсори за хемиската, металната и прехранбената индустрија, како и за системите за водоснабдување.