Промет со опасни материи

Нашата мисија е да ве ослободиме од компликациите и комплексноста на транспортот на опасни материи.

Во Плам-2 и ТрансПлам имаме сертифицирани и квалификувани вработени кои имаат искуство во снабдување, ракување, складирање и транспорт на опасни материи.

ПЛАМ-2 тргува и транспортира:

  • Mетил етил кетон, ацетон, етил етер
  • Хлороводородна киселина, сулфурна киселина, толуен
  • Натриум хипохлорид и натриум хидроксид

Домашен и меѓународен транспорт и логистика

  • checklist icon

    Постројки и опрема

    Компанијата поседува возен парк од 4 тракторски единици и 7 полуприколки, погодни за транспорт на опасни материи – гасови, хемикалии, прекурсори за хемиската, металната и прехранбената индустрија, како и за системите за водоснабдување. Резервоарот од таков тип е единствен во балканскиот регион и е земен како пример при презентирање на АДР стандардите од страна на Машинскиот факултет и Институтот за издавање сертификати за АДР.

  • forklift truck icon

    Резервоар за безводен за амонијак во регионот

    Во 2001 година компанијата инвестираше во изработката на првиот безводен резерворар за амонијак во регионот, направен по нарачка.

Менаџмент на хемикалии и консултантски услуги

Имаме долгогодишно искуство во планирање на логистика, пакување опасни материи, организирање на потребната документација и посветување посебно внимание на опасните материи. Сите овие процеси се во согласност со регулативата за транспорт на опасни материи.

  • Компанијата има капацитет да тргува и да превезува во други земји во регионот, и овој проект треба да ù помогне да се поврзе со клиенти од соседните земји на кои им е потребен ваков вид на услуга.
  • Неодамна компанијата започна соработка со металната индустрија во Косово.
  • Добавувачи ПЛАМ-2 ги набавува стоките што ги тргува од Борчохем Унгарија, Олтчим Романија, Комплекс CHIM Романија, Конт. Инвест Бугарија, Неохем Бугарија, ЧИМ Транс Бугарија, Хип Азотара Србија, БИН Комерц Србија, Гиорман Грција.