ПРОМЕТ

СО ОПАСНИ

МАТЕРИИ

Домашен и меѓународен

транспорт

промет со опасни материи

Компанија која тргува со опасни материи – гасови, хемикалии, прекурсори (соединенија кои учествуваат во хемиски реакции со кои се произведуваат други соединенија) за хемиската, металната и прехранбената индустрија, како и за системите за водоснабдување.

Домашен и меѓународен транспорт

Поседуваме возен парк од 4 тракторски единици и 7 полуприколки. Во 2001 година компанијата инвестираше во изработката на првиот резервоар за безводен за амонијак во регионот, направен по нарачка.

Сертификати и дозволи

Компанијата ги поседува сите релевантни и валидни дозволи од Министерството за здравство, како и потребните сертификати за АДР, и е сертифицирана според
ISO 9001-2008, ISO 14001-2004 и OHSAS18001-2007 стандардите.

Нашите услуги

checklist icon

Промет со опасни материјали

Во Плам-2 и ТрансПлам имаме сертифицирани и квалификувани вработени кои имаат искуство во снабдување, ракување, складирање и транспорт на опасни материи. Нашата мисија е да ве ослободиме од компликациите и комплексноста на транспортот на опасни материи.

globe icon

Домашен и меѓународен транспорт и логистика

Компанијата има капацитет да тргува и да превезува во други земји во регионот, и овој проект треба да ù помогне да се поврзе со клиенти од соседните земји на кои им е потребен ваков вид на услуга.

forktruck icon

Менаџмент на хемикалии и консултантски услуги

Имаме долгогодишно искуство во планирање на логистика, пакување опасни материи, организирање на потребната документација и посветување посебно внимание на опасните материи. Сите овие процеси се во согласност со регулативата за транспорт на опасни материи.

touch icon

Безбедносни сертификати

Опасните материи може да вклучуваат каква било материја што е штетна за луѓето, животните, животната средина или имотот. Овие производи вклучуваат супстанции што се запаливи, радиоактивни, био-опасни, корозивни, експлозивни или токсични. Без разлика дали во цврста, течна или гасна форма овие опасни стоки може да биде кошмар за транспорт.

ОПАСНИ МАТЕРИИИ

Транс Плам дооел Скопје, се занимава со внатрешен и меѓународен транспорт на супстанциите со кои се тргува од ПЛАМ-2.

  • icon

    Метил етил кетон, ацетон, етил етер

  • icon

    Хлороводородна киселина, сулфурна киселина

  • icon

    Толуен, амониум, натриум хипохлорид и натриум хидроксид

Trucking

ВИЗИЈА

Да бидеме водечки, специјализиран трговец и транспортер, и прв избор за клиентите кои бараат транспорт на опасни материи – гасови, хемикалии и прекурсори на локално, регионално или меѓународно ниво.

МИСИЈА

Плам-2 и ТрансПлам се посветени да понудат високоспецијализирани, технолошки напредни логистички решенија во синџирот на снабдување.

ФОКУС

Целиот наш фокус е кон тоа да бидеме првиот избор за набавка и транспорт на опасни материи – гасови, хемикалии и прекурсори на нашите клиенти, следејќи ги безбедносните протоколи и законските обврски, по најдобра достапна цена, без одлагање и во оптимална состојба.